понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Гризман: Не е важно дали ќе постигнам гол, го сакам трофејот

Гризман: Не е важно дали ќе постигнам гол, го сакам трофејот

Еден од најдобрите француски фудбалери, Антоан Гризман не го интересира дали ќе постигне гол во финалето, туку во мислите му е само трофејот од Мундијалот.

– Уште како дете сонував да играм во финале на Светско првенство. Ако ги прашате млади играчи, тие, исто така, ќе ви кажат дека мечтаат за овој натпревар. Не е важно дали ќе успеам да постигна гол. Јас само сакам да го освојам шампионскиот трофеј на Мундијалот. Имаме потенцијал за такво нешто, веруваме во нашите квалитети. Ќе може да смета на сите играчи. Се надеваме дека ќе бидеме шампиони, изјави Гризман.

Франција утре од 17 часот во финалето на СП ќе игра со Хрватска.