Еден гол го реши победникот на првиот дуел од денешната програма на Светското првенство во фудбал.
Репрезентацијата на Австралија го совлада Тунис со 1:0, а стрелец на единствениот погодок беше Мичел Дјук во 23-тата минута од средбата.
Со овој триумф Австралија остана во трката за пласман во осминафиналето, но за влез во следната рунда и треба победа во мечот со Данска.