среда, 6. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

ПРОГНОЗА ЗА УТРЕ: Студено со дожд и снег, снежна покривка и на пониските места

ПРОГНОЗА ЗА УТРЕ: Студено со дожд и снег, снежна покривка и на пониските места

Претежно облачно и студено време со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег, најавуваат метеоролозите за утре.

Врнежите ќе бидат пообилни попладне и во вечерните часови, кога заради заладувањето ќе преминуваат во снег на повисоките и во некои од пониските места.

На планините снежната покривка ќе се зголеми, а снежна покривка ќе се формира и на повисоките места особено во западните делови.

Во Скопје облачно од пладне со врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Најнови вести