петок, 29. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Русија се заканува – ќе ја напушти УЕФА и ќе се приклучи во Азија

Русија се заканува – ќе ја напушти УЕФА и ќе се приклучи во Азија

Претседателот на Руската фудбалска федерација (РФФ), Александер Дјуков рече дека размислуваат за напуштање на УЕФА и приклучување на Азиската фудбалска конфедерација (АФК). Поради нападот врз Украина, УЕФА ја суспендира Русија од сите репрезентативни и клупски натпреварувања, истото го направи и ФИФА, па русите размислуваат за промена на континентот во кој ќе се напреваруваат.

„Пред неколку месеци реков дека размислувањето за преселба во Азија е прерано, но сега е можност која треба да ја разгледаме“, изјави Александер Дјуков за руските медиуми.

Претседателот на РФФ, вели дека сè уште не разговарал со АФК бидејќи и покрај целата ситуација не сака да разговара зад грб на УЕФА.
„Сè уште не сум разговарал со претставници од Азија, бидејќи УЕФА нè гледа како дел од европското семејство. Би било непристојно од нас да влеземе во преговори зад нивниот грб“.