недела, 31. декември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Средба на градоначалникот Ѓорѓиевски со францускиот амбасадор Сирил Бомгартнер

Средба на градоначалникот Ѓорѓиевски со францускиот амбасадор Сирил Бомгартнер

тратешките планови и приоритетни проекти на Општина Кисела Вода беа во фокус на денешната средба помеѓу градоначалникот Орце Ѓорѓиевски и францускиот амбасадор Сирил Бомгартнер. Соговорниците дискутираа околу областите каде е можна заедничка соработка, а кои за жителите на овој дел од градот ќе донесат унапредување на условите за живеење и подобрување на економското функционирање на општина Кисела Вода.

Градоначалникот Ѓорѓиевски и амбасадорот Сирил Бомгартнер потенцираа дека градењето на блиски релации е од голема важност и дека зајакнувањето на соработката преку реализирање на заеднички проекти е значаен чекор кон остварување на овие вредности.