понеделник, 5. февруари 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Сон плачеше по поразот, а тренер на Гана си правеше селфи (ВИДЕО)

Сон плачеше по поразот, а тренер на Гана си правеше селфи (ВИДЕО)

Јужна Кореја херојски се бореше, но сепак не успеа да го избегне поразот против Гана.

Во второто полувреме Корејците изедначија на 2:2 откако претходно губеа со 0:2, меѓутоа подоцна Кудус го постигна својот втор гол и обезбеди победа за Гана. Се уште Јужна Кореја математички има шанси за пласман во втората фаза, сепак се во тешка позиција.

Сон беше еден од оние на кои поразот најтешко ѝм падна. Фудбалерот на Тотенхем по натпреварот не можеше да ги задржи солзите. Сепак, тоа не беше проблем за еден од тренерите од стручниот штаб на Гана да се обиде да направи селфи.