четврток, 14. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Онана со прва реакција на социјалните мрежи по контроверзните случувања во Камерун (ФОТО)

Онана со прва реакција на социјалните мрежи по контроверзните случувања во Камерун (ФОТО)

Ригоберт Сонг одлучил да го отстрани Андре Онана од камерунскиот тим за мечот против Србија кој се играше денеска, а иако првично беше пренесено дека му е затворен патот кон националниот камп, селекторот се одлучи да ги смири тензиите.

Онана по се изгледа ќе има нова шанса да се врати во тимот доколку му се извини на селекторот Сонг, со кого влегол во вербална расправија во подготовките за вториот натпревар на Светското првенство.

Дисциплинската постапка на Сонг првично важела само за мечот со Србија, а дали ќе се врати за третиот меч против Бразил ќе зависи само од него.

Тоа го посочи Сонг на прес-конференцијата по драматичното реми кое заврши со резултат 3:3, а прва реакција по контроверзните случувања имаше и голманот на Интер.

И покрај тоа што предизвика мини скандал во селекцијата, Онана јасно стави до знаење дека ги поддржува своите сонародници и се израдува за позитивниот резултат против Србите.