петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Гави го пропушти последниот тренинг за Шпанија поради повреда

Гави го пропушти последниот тренинг за Шпанија поради повреда

Шпанската фудбалска репрезентација одигра нерешено против Германија и се наоѓа во добра позиција да избори пласман во нокаут фазата на фудбалскиот Мундијал.

Еден од најдобрите играчи на „фуријата“ Гави, не беше дел од последниот тренинг. Луис Енрике го поштеди поради лесна повреда со која се здоби на дуелот против Германците.

Шпанскиот тинејџер беше стрелец во првото коло во убедливата победа против Костарика (7-0), со што стана најмладиот стрелец на Мундијалите од 1958 година и голот на Пеле.

Шпанската репрезентација во последното коло влегува како првопласирана и четири бода, а за пласман во осминафиналето доволно и е реми. .