недела, 28. јануари 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Може да биде опасно по живот – Каиседо ги исплаши сите по елиминацијата од Сенегал (Видео)

Може да биде опасно по живот – Каиседо ги исплаши сите по елиминацијата од Сенегал (Видео)

Мојзес Каиседо беше стрелец на единствениот гол за Еквадор против Сенегал попладнево, но неговата репрезентација е елиминирана од Мундијалот во Катар, а тој ги исплаши сите по мечот.

Каиседо лежеше од тага на тревникот и воопшто не мрдаше, па кога неговите соиграчи го забелжаа, се обидоа да го станат.

Мојзес некако се исправи со помош на неколку репрезентативци на Еквадор, но како да не му се живееше и едвај се потпираше на своите соиграчи.

Еквадор во директен дуел од третото и последно коло против Сенегал загуби со 1:2 и го заврши настапот на Светското првенство.

Во А групата победник е Холандија и заедно со Сенегалците ја чекаат разврската од натпреварите од 20 часот меѓу Велс и Англија и Иран со САД за да се знае со кого ќе играат во осминафиналето.