недела, 17. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Приведени двајца крадци во Скопје- украле повеќе предмети од возило

Приведени двајца крадци во Скопје- украле повеќе предмети од возило
фото илустрација

Денеска (30.11.2022) во 02.10 часот на ул.„Призренска“ во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода А.А.(40) од Скопје и А.Б.(43) од с.Бардовци, скопско.

Тие се сомничат дека во периодот од 19.00 часот на 30.10.2022 до 08.00 часот на 01.11.2022 на ул.„Отон Жупанчиќ“ во Скопје одзеле повеќе предмети од патничко возило „тојота цхр“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Р.П.(47) од Скопје.

Дел од одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот, а во службен разговор во полициска станица лицата го признале делото.

По целосно документирање на случајот, во координација со Јавен обвинител, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.