вторник, 5. март 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Далиќ: Од натпреварот против Белгија нема поправен

Далиќ: Од натпреварот против Белгија нема поправен

Хрватска и Белгија со директен судир ќе одлучуваат за патникот во нокаут фазата од групата Ф на Светското првенство 2022.

Селекторот на „коцкестите“, Златко Далиќ, го најави мечот кој ќе има огромно значење за двете репрезентации.

„Пред нас е решавачката средба, против вториот тим во светот од листата на ФИФА. Тие се одлична репрезентација, сигурно ако можевме да бираме немаше да го одбереме овој натпревар да решава. Средбата и за нив е клучна и нема да дозволиме да не закаже нивната форма. Нема да биде лесно, нема да играме за бодови бидејќи таквата игра секогаш носи нешто лошо.

Ова е натпревар од кој нема поправен. Факт е дека ние и Белгија различно размислувавме за исходот во групата. Важно е да сме на вистинското ниво. Сигурно ќе биде поразлично од првите два натпревари“, изјави предводникот на Хрватите.

Натпреварот меѓу Хрватска и Белгија се игра в четврток со почеток од 16:00 часот.