недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Се подготвува радикална промена за СП26: Пенал рулет во групите и бод повеќе за победа?

Се подготвува радикална промена за СП26: Пенал рулет во групите и бод повеќе за победа?

Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА), за во иднина подготвува радикална промена околу изведување на пеналите.

На Мундјалот во 2026 година може да се случи една огромна промена, која би се однесувала на нерешените натпревари во групната фаза, па во таква ситуација, би се шутирале пенали, а победникот добива уште една голема поволност.

Според информациите, евентуалниот победник на таквата пенал серија во мечевите од групната фаза, би добил бод плус на победата, што е секако голема новина доколку се усвои.

Исто така, друга новост на следниот Мундијал е што ќе има 48 учесници, што е за 16 репрезентации повеќе, па се верува дека квалитетот на Мундијалите ќе падне со такво сценарио.

„Пеналите би биле навистина опција за групната фаза“, порача Ван Бастен за Билд.