среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Влаховиќ за нарушениот однос со Пикси: Ќе играм за Србија и со една нога…

Влаховиќ за нарушениот однос со Пикси: Ќе играм за Србија и со една нога…

Пред Србија е најважниот меч на Светското првенство, дуел со Швајцарија кој носи пласман во нокаут рундатата или заминување од Катар веќе по групната фаза.

Само победа може да им донесе на Србите најмалку уште еден меч на шампионатот со тоа што во исто време треба да се внимава на Камерун и нивниот резултат против Бразил. Меѓутоа нашиот северен сосед освен што треба да се фокусира на петочниот натпревар мора да внимава и на тоа што се пишува во медиумите особено кога е во прашање Душан Влаховиќ.

За него доста се пишува, имаше информации дека имал афера со жена на соиграч, но и дека не е добри односи со селекторот Драган Стојковиќ Пиксо. Напаѓачот ги отфрли сите овие вести, гласини, а особено говореше за односот со Пикси кој на овој шампионат му даде шанса за настап само против Бразил.

-Нема никаков проблем меѓу мене и тренерот. Подготвен сум да играм за Србија и со една нога. Но ако е во служба на тимот да останам цел натпревар на клупата или да одиграм минута, ќе направам се максимално, нема проблем. Се е во договор со селекторот, зборувавме за тоа пред секој натпревар. Нема никакви проблеми меѓу нас.

-Се чувствувам добро, многу подобро, подготвено. Секако дека се надевам дека ќе играм, но на Пикси е да одлучи. Во претходните два натпревари не играв во договор со него, бидејќи не бев подготвен. Имав повреда на тетивата и аддукторот, на собирот дојдов повреден. Сега се чувствувам многу подобро и се надевам дека ќе можам да помогнам во петок, -порача голгетерот.