петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Камион прегази познат велосипедист

Камион прегази познат велосипедист

Трагични вести ни пристигнуваат од Италија, 52-годишниот велосипедист Давиде Ребелин го загубил животот откако во него удрил камион. Докторите се обиделе, но не успеале да му го спасат животот.

На Олимписките игри во Пекинг во 2008 година Ребелин успеа да стигне до подиумот, но подоцна медалот му беше одземен поради допинг-скандал. Поради скандалот тој беше и суспендиран, по суспензијата се врати на спортот.

Кариерата на Ребелин траеше три децении, а се пензионира на почетокот на оваа година. По трагичната вест се огласи и шефот на „Тур де Франс“, Кристијан Прудом.

„Ова е бескрајно тажен ден за сите оние кои го сакаат велосипедизмот“, кратко изјави Прудом.