петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Прегазен е велосипедист на кружниот тек во Влае, вечерва се судрија три автомобили

Прегазен е велосипедист на кружниот тек во Влае, вечерва се судрија три автомобили

Вечерва е прегазен велосипедист на кружниот тек меѓу скопските населби Влае и Ѓорче Петров.

Увидот на МВР е во тек , па засега нема информации како дошло до тешката сообраќајна несреќа на кружниот тек меѓу булеварот „Партизански одреди“ и улиците „Ацо Шопов“ и „Ѓорче Петров“ од страната на пазарот, пренесе Канал 5.

При несреќата, се судриле и три автомобили, а состојбата на велосипедистот, како и на возачите и сопатниците во авотмобилите не е позната, објави телевизијата.