петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Тешко повреден малолетен велосипедист во сообраќајна несреќа

Тешко повреден малолетен велосипедист во сообраќајна несреќа
илустрација

На 11.10.2023 во 18.50 часот во СВР Штип било пријавено дека на крстосница на ул.„Сремски Фронт“ со ул.„Нобелова“ во Штип, М.А.(46) од Штип, управувајќи патничко моторно возило „фолксваген голф“ со штипски регистарски ознаки, удрил во малолетен велосипедист.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Клиничка болница Штип.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.