сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

ДО КАДЕ ОТИДЕ СВЕТОТ – топките на Светското Првенство се полнат со УСБ, еве што не сте знаеле за чудото од фудбал! (ФОТО)

ДО КАДЕ ОТИДЕ СВЕТОТ – топките на Светското Првенство се полнат со УСБ, еве што не сте знаеле за чудото од фудбал! (ФОТО)

Официјалната топка за Светското првенство во Катар, „Ал Рихла“ е направена со технологија каква што досега не е видена. На социјалните мрежи протече фотографија на која се гледа дека топките што се користат на Светското првенство се полнат со помош на УСБ-стикови.

Внатре во топката има сензор со мала батерија за која Адидас тврди дека може да издржи шест часа активно користење или 18 дена кога топката не се користи.

Англиските медиуми пишуваат дека овој сензор тежи само 14 грама, и дека овозможува технологија постојано да ја следи топката, како и камерите поставени насекаде околу теренот, кои им помагаат на судиите да одлучат дали е офсајд, гол, аут итн.

„Секогаш кога топката е шутната со глава, фрлена со рака или само допрена, системот снима 500 фрејмови во секунда. Податоците во реално време се испраќаат од сензорите до системот кој ја одредува позицијата на топката, кој е поврзан со мрежа од антени поставени наоколу.

„Кога топката ќе го напушти теренот и ќе се стави нова во игра, системот автоматски се менува на податоците што доаѓаат од другата топка, без потреба од човечка рака да реагира“, беше објаснето.

Технологијата навистина е неверојатна и сигурно е дека само ќе се подобрува на секое следно Светско првенство. Така во Катар со помош на технологијата беше утврдено дека Кристијано Роналдо не постигна гол против Уругвај, иако беше лут на судијата и со сите сили се обидуваше нему да му биде премишан голот.

Дури се виде дека ја закачи „Ал Рихла“ со косата, но сепак недоволно за да се вброи како стрелец.