вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Проблеми за Швајцарија пред натпреварот со Србија

Проблеми за Швајцарија пред натпреварот со Србија

Јан Зомер (голман) и Нико Елведи (одбрана), стандардните швајцарски репрезентативци, не тренирале во денеска бидејќи им се слошило, јавуваат швајцарските медиуми.

Зомер, кој е долгогодишен голман на сениорскиот тим, е еден од најважните, ако не и најважниот играч во овој состав, со оглед на чудата што ги прави меѓу стативите.

Како што пренесува „Блик“, Зомер и Елведи имале лоша ноќ, им се слошило и не тренирале на утринскиот тренинг на репрезентацијата.

-Во моментов не се знае дали ќе бидат во тимот на вечерниот тренинг. Треба да почекаме и да видиме каква ќе биде нивната состојба, пренесува „Блик“ повикувајќи се на извори од швајцарската репрезентација.

Зомер и Елведи ги одиграа сите 90 минути против Камерун и Бразил, а се едни од најважните и најсигурните фудбалери на селекторот Мурат Јакин.

Натпреварот меѓу Србија и Швајцарија се игра во петок од 20 часот.