Селекцијата на Мароко уште во третата минута го отвори резултатот против Канада и сега е далеку поблиску до историски пласман во осминафиналето на Светското првенство во Катар.
Еден од најискусните репрезентативци на Канада, Милан Борјан направи катастрофална грешка надвор од својот казнен простор и му подари чиста ситуација на Зијеч, кој со рутински лоб ја погоди целта и ги фрли во транс Мароканците.
Голот на Мароко против Канада:
Грешката поглендете ја ТУКА
Канада имаше одлична претстава против Белгија и сите очекуваа дека може да го нападне местото за осминафинале, но против Хрватска, па и денес ги покажа своите слабости во играта.