сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Македонец уапсен во Драч – полицијата го чекала да пристигне со траект од Италија, а кога го претресла неговиот автомобил веќе се било јасно

Македонец уапсен во Драч – полицијата го чекала да пристигне со траект од Италија, а кога го претресла неговиот автомобил веќе се било јасно

Во албанското пристаниште Драч уапсен е македонски државјанин кој се обидел да шверцува цигари.

-Уапсено е лицето А.Ј. (44) жител од РС Македонија, откако при претрес на неговото возило службите на граничната полиција во пристаништето Драч пронашле и како материјален доказ одзеле голема количина кутии со цигари, за кои постои сомневање дека се шверцувани, стои во полициското соопштение.

Тоа според полицијата во рамки на акција „серија“, во која се откриени уште два случаи на недозволени дејствија на албански државјани, кои, како и македонскиот, пристигнале со траект од Италија.