среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

ВИДЕО: Јапонија ја шокира Шпанија и како првопласирана патува во осминафиналето!

ВИДЕО: Јапонија ја шокира Шпанија и како првопласирана патува во осминафиналето!

Јапонија го освои првото место во група со Шпанија и Германија и со две победи обезбеди пласман во нокаут фазата на Мундијалот во Катар. Јапонскиот тим успеа да ја изненади шпанската селекција и со пресврт стигна до второ славје во низа во групната фаза (2-1).

Јапонците одлучија да се постават дефанзивно и да ја препуштат играта на ривалот. Уште во раната фаза шпанскиот тим притисна и стигна до посакуваната цел. Алваро Мората се запиша во листата на стрелци, по асистенција на Цезар Аспиликуета. Избраниците на Луис Енрике доминираа до крајот на полувремето, но не ја удвоија својата предност, со што ќе се обезбедија помирно продолжение.

Завршницата од првиот дел донесе серија јавни опомени. Судијата имаше доста работа и додели три последователни жолти картони за јапонските фудбалери. Доминацијата на фаворитот го натера ривалот да загуби нерви и на моменти да претера во својата реакција. На пауза се замина со минимална предност за „црвената фурија“.

Само што започна вториот дел Јапонија се врати во игра. Прекрасна реализација запиша Рицу Доан, кој одлучи да шутира од далечина и не погреши. Азискиот претставник израмни, иако не беше размноправен ривал до тој период од натпреварот. Неколку минути подоцна јапонската репрезентација направи пресврт. По разгледување на ВАР-снимката, судијата дозволи радост на стрелецот на голот за 2-1, Ао Танака.

По вториот примен гол Луис Енрике го освежи тимот со четири замени. Шпанија тргна по израмнување, со цел да избегне второ место во групата. Промена на резултатот немаше, па Јапонците извојуваа нова голема над фаворит, по онаа над Германија.