вторник, 16. јануари 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Станари од две згради во Струмица останале без влезните врати откако ги откорнале и украле крадци

Станари од две згради во Струмица останале без влезните врати откако ги откорнале и украле крадци

Засега непознати крадци откорнале и украле влезни врати од две станбени згради во Струмица. Украдени се вратите од двата влеза во зграда на улицата „Ѓорги Василев“ и една од зграда на улицата „Ристо Ќурчиев“.

Станарите дури утрово забележале дека останале без влезни врати откако тргнале на работа. Според нив, кражби имало и порано, но најчесто од подрумите и велосипеди.

Од струмичката полиција потврдија дека имало случај на кражба на влезна врата и преземаат мерки за расчистување на случајот.

Кај нив бил пријавен само еден за одземена алуминиумска врата од станбена зграда на улица „Ристо Ќурчиев“, додека за останатите кражби досега немаат пријава.