среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Вирални фотографии: Погледнете како реагираа катарските шеици на Ивана Нол

Вирални фотографии: Погледнете како реагираа катарските шеици на Ивана Нол

Деновиве Ивана Нол е главна тема , а секој ден се повеќе воодушевува со своите предизвикувачки модни комбинации кои се нејзин начин да им покаже поддршка на „пожарникарите“.

Инфлуенсерката Ивана Нол (30) изминативе денови е во центарот на вниманието во Катар, каде го следи Светското првенство. Сега на социјалните мрежи се проширија фотографиите на Ивана и нејзините „скриени“ обожаватели кои ја насмеаја јавноста.

На фотографиите се гледа како Нол оди по скалите, со сите погледи вперени во неа. Најмногу, тоа беа погледите на шеиците кои лукаво со мобилните телефони ја сликаа ѕвездата на шампионатот.

Фотографијата објавена на Фејсбук беше преплавена со коментари на оние на кои реакцијата на мажите на трибините им беше урнебесна.

Ивана на социјалните мрежи се пофали дека луѓето ја запираат на улица за да се сликаат со неа, а секој ден бројот на обожаватели расте. Нејзината популарност порасна и на социјалните мрежи, па на Инстаграм моментално ја следат 996.000 луѓе.