недела, 28. јануари 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Србија со Митровиќ и Влаховиќ од стар ја напаѓа Швајцарија

Србија со Митровиќ и Влаховиќ од стар ја напаѓа Швајцарија

Фудбалерите на Србија се среќаваат со Швајцарија во меч кој ќе одлучи која селекција ќе оди во нокаут фазата од групата Г.

Тоа ќе биде реприза на дуелот од Русија пред четири години, кога Швајцарецот со головите на Џердан Шаќири и Гранит Џака ги испрати „орлите“ дома.

Пресметката пред мечот е јасна – Србија мора да победи со секоја разлика. Во случај на победа на Камерун над Бразил, на Србија ќе и треба триумф над Швајцарија со што поголема разлика.

Во пресрет на стартот на мечот кој е од 20:00 часот, познати си составите:

Србија: В. Милинковиќ-Савиќ – Никола Миленковиќ, Страхиња Павловиќ, Милош Вељковиќ – Филип Костиќ – С.Милинковиќ-Савиќ, Саша Лукиќ, Андрија Живковиќ – Душан Тадиќ – Александар Митровиќ, Душан Влаховиќ

Швајцарија: Кобел – Видмер, Аканџи, Шар, Родригез – Џака, Варгас, Соу, Фрелер – Шаќири, Емболо