петок, 15. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Плач и молитви, па бура од емоции: Корејците на телефон чекаа крај на Гана – Уругвај (ВИДЕО)

Плач и молитви, па бура од емоции: Корејците на телефон чекаа крај на Гана – Уругвај (ВИДЕО)

Јужна Кореја се пласира во нокаут-рундата на Светското првенство (СП) поради подобра гол-разлика од Уругвај. Азиската селекција ја победи Португалија (2-1), но десет минути се „тресеше“ за својот статус на Мундијалот.

Јужнокорејците ја завршија групната фаза со ист број на бодови како Уругвај. Имаа гол-разлика 4-4, додека Уругвај имаше 2-2. И откако заврши мечот со Португалија, судијата даде десет минути екстра-време на Уругвај – Гана.

Уругвајците водеа со 2-0, а им беше потребен уште еден гол за Корејците да испаднат. Притискаа фаворитите на хартија, бараше и пенал Единсон Кавани, а откако не го доби, Јужна Кореја заедно со Португалија мина понатаму од групата Х.

Видеото погледнете го ТУКА

Доста емотивно Корејците и навивачите го пратеа овој меч во финишот. Користеа мобилни телефони, плачеа од среќа за победата, се молеа за Уругвајците да не дадат уште еден гол, а откако мечот заврши како што тие посакуваа – следеше бура од емоции.