Во општина Кисела Вода денес се одржа отворен ден за предлог идеи и проекти кои ќе влезат во новиот буџет за наредната година.
Градоначалникот Ѓорѓиевски им се заблагодари на сите за големиот интерес и големиот број на предлози кои пристигнале.
– Како човек од народот кој својот кредибилитет го црпи токму од него, секој наш следен чекор се прави со консултација на мојот народ.
– Драго ми е што денес во огромен број жителите на Кисела Вода дојдоа да ги дадат своите идеи и предлози за новиот Буџет и со тоа да дадат директно учество и придонес во трансформацијата на нашата општина во урбано и модерно место за живеење. Сакам на сите да им се заблагодарам за интересот, за довербата и стиснатата рака за поддршка.
Тиука сме заедно да ја креираме нашата иднина, светла иднина за нас и генерациите кои доаѓаат.
Остануваме транспарентни и отворени, бидејќи токму тој е начинот на нашата работа.
Ние заедно, за нашата Кисела Вода! – изјави Ѓорѓиевски,