недела, 26. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Ѓуроски: Ја повредив истата рака, очекувам да сум здрав по празниците

Ѓуроски: Ја повредив истата рака, очекувам да сум здрав по празниците

Македонскиот кошаркарски репрезентативец Стојан Ѓуроски доживеа уште една повреда во оваа календарска 2022 година и го чека пауза.На еден од последните тренинзи на својот клуб Оуренсе, искусното крило на нашиот национален тим се здоби со скршница на коска на дланката на десната рака. Ѓуроски замина на итна операција и го чека пауза.

„Поради тоа мораше итно да бидам опериран, што лекарскиот тим на мојот клуб и го направи. Станува збор за истата рака што ми беше оперирана на почетокот од годинана, но тогаш во прашање беше повреда на подлактицата. Што да правиме, се случуваат и вакви непосакувани моменти. Мое е да ја поминам рехабилитацијата како што налагаат докторите. Извесно е дека ќе бидам надвор од теренот во наредните неколку недели. Се надевам да бидам спремен после празниците. Здравје, ќе видиме“, изјави Ѓуроски за интернет-страницата на КФСМ.

Според првичните прогнози, Ѓуроски ќе биде надвор од терените во наредните неколку недели. Се очекува да се врати на терените во новата 2023 година.