Градоначалникот на општина Кисела Вода денеска и вчера имаше отворен ден за граѓаните во општината кои ги прими во неговиот кабинет.
Тој за средбата со нив сподели и Фејсбук статус:
-🤝 Денес и вчера се одржа приемен ден за моите сограѓани.
☝️Преку 60-тина граѓани дојдоа да поразговараме, да ги изнесат своите проблеми и директно да пристапиме кон нивно брзо решавање.
Покрај решавањето на она што ги засега, од сето ова произлегуваат и корисни совети од моите повозрасни сограѓани.
На мое задоволство, така беше и овој викенд. 🙂
И ништо не е напорно доколку уживаш во тоа што го правиш, токму затоа овие чести средби ги одржувам за викенд, бидејќи можеме подолго да разговараме и детално да се информирам за сѐ она што е важно за нив, нивните сугестии и забелешки.
🚪 Вратата на мојот кабинет е секогаш отворена за мојот народ и секој оној што сака да оствариме средба – ☎️ 02/2785-401 е бројот за закажување, додека пак средбите кои секојдневно се одвиваат продолжуваат со истата динамика.
🤝 Транспаретно, отворено и блиску до мојот народ – тоа е нашиот принцип на работа!
#orcegjorgjievski #kiselavoda, стои во неговиот пост на Фејсбук.