четврток, 4. јануари 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Ја „исчистил“ цела механичарска работилница – украл се што нашол, но од тоа што следувало потоа не се надевал ниту на сон

Ја „исчистил“ цела механичарска работилница – украл се што нашол, но од тоа што следувало потоа не се надевал ниту на сон

Полициски службеници од Единицата за внатрешни работи – Одделение за криминалистички работи Кисела Вода денеска го лишија од слобода Т.К.(35) од Скопје.

Како што информира МВР, Т.К. се сомничи дека на 03.12.2022 во периодот од 12.40 до 15.40 од механичарска работилница на подрачјето на Кисела Вода, сопственост на З.А.(39) од Скопје, извршил кривично дело „тешка кражба“. Притоа тој одзел компјутер, голема хидраулична дигалка и голема количина на разновиден механичарски алат и електронски апарати.

По преземени мерки од полициски службеници сторителот на кривичното дело е откриен, пронајден и приведен во полициска станица, а сите одземени предмети се пронајдени и ќе бидат вратени на сопственикот.

Во координација со дежурен Јавен обвинител, по документирање на случајот против лицето ќе биде поднесен соодветен поднесок.