На 05.12.2022 во 01.00 часот на булевар „ЈНА“ во Штип, полициски службеници од Полициската станица Штип го лишиле од слобода С.А.(28) од Штип. Тој се сомничи дека околу 00.40 часот пред зграда на ул.„Енгелсова“ во Штип одзел мопед сопственост на А.С.(32) од Штип, информира МВР.
Одземениот мопед бил пронајден и вратен на сопственикот, а С.А. бил задржан во полициска станица.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.