недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Винисиус: Се надевам дека ќе танцуваме до финалето и ќе го освоиме СП за Пеле

Винисиус: Се надевам дека ќе танцуваме до финалето и ќе го освоиме СП за Пеле

Бразилскиот фудбалер Винисиус Јуниор ги искажа впечатоците по натпреварот со Јужна Кореја во осминафиналето на Светското првенство.

„Кариоките“ синоќа победија со резултат 4:1. Крилниот напаѓач на Реал Мадрид постигна гол за прв пат на едно Светско првенство.

– Тоа е нормално, се подобруваме со текот на времето. Со секој натпревар стануваме посамоуверени и повоиграни. Денеска игравме против екипа која дава простор. Кога ни се дава простор, на противникот му е многу тешко. Имаме многу квалитетни играчи за одличен натпревар. Се надевам дека ќе продолжиме да танцуваме до самиот крај. И прегрнете го Пеле, кому сега му треба сила. Оваа победа е за него, нека закрепне, а ние ќе се потрудиме да станеме шампиони за него, изјави Винисиус.

Бразил во четвртфиналето на турнирот во Катар ќе игра со селекцијата на Хрватска. Натпреварот ќе се одигра на 9 декември со почеток во 16 часот.