сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Јапонците му понудија нов договор на селекторот

Јапонците му понудија нов договор на селекторот

Репрезентацијата на Јапонија се прости од Светското првенство во Катар откако изгуби на пенали од Хрватска во 1/8 финалето.

Јапонците беа слаби пеналџии, односно Ливаковиќ им одбрани три па мораа предвреме да го завршат настапот, и покрај тоа што завршија како првопласирани во група со Шпанија и со Германија.

Затоа не е изненадување што фудбалската федерација на земјата му подготвува нов договор на селекторот Хаџиме Моријасу.

Селекторот се наоѓа на чело на репрезентацијата веќе четири години, а според најавите, му се подготвува нов двегодишен договор, со опција на продолжување до следниот Мундијал во 2026 година.