сабота, 30. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

ФИФА одлучи, Србија и Хрватска казнети

ФИФА одлучи, Србија и Хрватска казнети

Дисциплинската комисија на ФИФА го казни Фудбалскиот сојуз на Србија за спорното знаме во соблекувалната на „орлите“ пред дуелот со Бразил, а на Хрватскиот фудбалски сојуз му изрече парична казна за испадот на навивачите на селекцијата на мечот со Канада.

ФИФА ги казни „орлите“ со 20.000 швајцарски франци поради кршење на член 11 од Дисциплинскиот кодекс на ФИФА и член 4 од Правилникот на Светското првенство на ФИФА во врска со спорното знаме.

Хрватите ќе платат повисока сума поради испадот на навивачите на мечот со Канада кога беше навредуван Милан Борјан.

– Хрватскиот фудбалски сојуз е казнет со 50.000 швајцарски франци поради прекршување на член 16 од Дисциплинскиот кодекс на ФИФА (употреба на зборови и предмети за да се пренесе порака што не е соодветна за спортски настан) во врска со однесувањето на хрватските навивачи за време на натпреварот против Канада – објави ФИФА.