сабота, 25. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Арсенал се огласи, Жезус опериран

Арсенал се огласи, Жезус опериран

Фудбалерот на Арсенал и бразилски репрезентативец Габриел Жесус го оперираше коленото, соопшти вечерва лондонскиот клуб.

Жесус се повреди пред пет дена на натпреварот од последното, трето коло од групата Г на Светското првенство во Катар против Камерун (0:1).

– Габи сега ќе започне со рехабилитација. Сите во клубот го поддржуваат и заедно ќе работиме напорно за што поскоро да го вратиме на теренот, објави Арсенал, но не прецизираше колку долго бразилскиот напаѓач ќе отсуствува од терените.

Англиските медиуми пренесуваат дека тој ќе паузира меѓу 10 и 12 недели, а во тој период ќе пропушти бројни натпревари.

Жесус (25) во летниот преоден рок пристигна во Арсенал од Манчестер Сити. За лондонскиот клуб одигра 20 натпревари и постигна пет гола.

Бразил во петок во четвртфиналето на СП ќе игра против Хрватска.