петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Мотоциклист и малолетничка повредени во сообраќајка во кумановско

Мотоциклист и малолетничка повредени во сообраќајка во кумановско

Мотоциклист и малолетн сопатничка се здобиле со повреди во сообраќајна несреќа која вчера вечерта се случила на ул.„Козјачка“ во кумановско Доброшане.

Во несреќата учествувале автомобил „опел“ со кумановски регистарски ознаки, управуван од М.Б.(28) од с.Доброшане и мотоцикл без регистарски ознаки, управуван од малолетник од с.Романовце, кумановско.

-Во несреќата мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, а малолетна сопатничка од мотоциклот се здобила со телесни повреди, констатирани во Општата болница во Куманово, информира МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.