четврток, 14. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Сколари е виновен: Еве како бразилскиот селектор го добил прекарот Тите

Сколари е виновен: Еве како бразилскиот селектор го добил прекарот Тите

Неговото вистинско име е Аденор Леонардо Баки, но човекот кој денеска ќе ја предводи селекцијата на Бразил во четвртфиналето на Светското првенство во Катар против Хрватска е познат по прекарот Тите.

За разлика од повеќето Бразилци, чиј прекар е изведен од едно од имињата, тој го доби благодарение на грешка на неговиот легендарен претходник.

Луис Фелипе Сколари е последниот тренер кој со Бразил го освоил светскиот шампионат, во 2002 година во Јапонија и Јужна Кореја.

Светското првенство се врати на азиско тло за првпат оттогаш, а тимот на Тите повеќето го сметаат за апсолутен фаворит на овогодинешното издание. Двајцата се запознале кога Баки бил момче, а Сколари бил наставник по физичко во училиште, пишува The Athletic.

Сколари во тоа време беше дефанзивец на Каксиас, но не особено талентиран, го нарекувале Дрвена нога. Паралелно, работел како наставник по физичко во училиштето Кристовао де Мендоза. Тој го водел училишниот фудбалски тим, а за време на мечот против школата „Џинасио Гуарани“ забележал момче со кадрава коса, кое го импресионирало.

Мислел дека тоа е Алтемир Гауер, кого го викаа Тите, но не бил во право. Така му се обратил Сколари.

„Тите, Тите“, извикал тој.

Со тој повик не само што му се промени животот, туку и доби име по кое сега го знае целиот свет.