четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Пеналите пресудија: Аргентина оди во полуфинале против Хрватска

Пеналите пресудија: Аргентина оди во полуфинале против Хрватска

Фудбалската репрезентација на Аргентина победи во четвртфиналето на Светското првенство против Холандија.

По драматични 120 минути, резултатот се решаваше на пенали со  4-3 (2-2).

Иако беше во водство во поголемиот дел од натпреварот, Аргентина доби пресврт во последната минута од судиското продолжение, кога Холанѓаните израмнија на 2:2.

Сепак, тимот на Меси е тој што ќе се соочи со Хрватска, која претходно денеска, исто така на пенали, го елиминираше Бразил.

Хрватска и Аргентина ќе играат за финалето во вторник од 20 часот.