понеделник, 18. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Лорис постави рекорд по одиграни натпревари за Франција

Лорис постави рекорд по одиграни натпревари за Франција

Францускиот голман Уго Лорис го постави рекордот за најмногу настапи за националниот тим.

Голманот се најде во стартниот состав на „триколорите“ за четвртфиналето на Светското првенство 2022 година против Англија. Оваа средба за него беше 143-та за репрезентацијата.

Според овој индикатор, тој го престигна Лилијан Турам (142).

Лорис постави и рекорд по бројот на натпревари за Франција на светските првенства – 18 натпревари. Претходно, рекордери беа Тиери Анри и Фабиен Бартез, кои имаат по 17 натпревари за националниот тим на светските првенства. (МИА)