Португалија не успеа да се пласира во полуфиналето на Светското првенство во Катар откако загуби од Мароко со 1-0, а по натпреварот беше откриено дека ветеранот Пепе играл со скршена рака.
Португалската федерација соопшти дека дефанзивецот ја скршил левата рака за време на натпреварот, но и покрај ризикот, решил да остане на теренот за да им помогне на своите колеги.
По натпреварот, Пепе веднаш отишол во болницата во Доха, каде скршеницата била потврдена со снимање.