петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Бруно без влакна на јазикот распали: Ако сакаат нека им ја дадат титулата…..

Бруно без влакна на јазикот распали: Ако сакаат нека им ја дадат титулата…..

Португалските играчи беа лути на аргентинските арбитри и на луѓето кои ги бираат судиите во ФИФА, бидејќи според нив, надвор од резонско размислување било тоа да им се делегира главен судија кој по потекло е од Аргентина.

Пепе беше доста гласен по крајот на мечот и најави дека веќе гледа како Аргентинците ја подигнуваат светската титула, а во ист тон продолжил и Бруно Фернандеш, кој пак беше уште подрзок со речникот кој го употребил.

Ѕвездата на Јунајтед се јавила без влакна на јазикот во разговорот со домашните новинари, акцентирајќи дека не му бил досуден и чист пенал во првиот дел.

– Не знам дали ќе им ја дадат титулата на Аргентина, ако сакаат нека им ја дадат. Гајле ми е, ќе кажам што ми паѓа на ум и ако сакаат нека се е..т!

– Многу е чудно што ни делегираат судија кој е од земја која се уште е активна на Светското првенство, а од друга страна, нема ниту еден Португалец. Судиите кои ни судеа не се на ниво од Лигата на шампионите, а ова е Светско првенство. Изгледаше како да го навалија теренот и го свртеа против нас. Во првото полувреме имаше чист пенал врз мене, – се пожалил Бруно по елиминацијата од Мароко во четвртфиналето во Катар.