недела, 26. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

ПСЖ е подготвен да плати повеќе од 120 милиони евра за Белингем

ПСЖ е подготвен да плати повеќе од 120 милиони евра за Белингем

Пари Сен-Жермен не се откажа од борбата за потпис на играчот од средниот ред на Борусија Дортмунд, Џуд Белингем, објави „Ел Национал“.

Парискиот клуб е подготвен да плати повеќе од 120 милиони евра за 19-годишниот англиски репрезентативец.

Претходно медиумите пишуваа дека за играчот се заинтересирани и Челзи, Ливерпул, Манчестер јунајтед, Реал Мадрид и Манчестер сити.

Оваа сезона Англичанецот забележа 22 настапи за „милионерите“ во сите натпреварувања, постигнувајќи девет гола и три асистенции.

Белингем игра за Борусија Дортмунд од 2020 година. Неговиот актуелен договор истекува на 30 јуни 2025 година. (МИА)