петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Белингем: Сакам да играм во Реал Мадрид уште 15 години

Белингем: Сакам да играм во Реал Мадрид уште 15 години

20-годишниот супер-талент Џуд Белингем се наметнува како еден од најдобрите светски фудбалери во моментов и за Реал Мадрид досега постигна дванаесет гола и четири асистенции и се чини дека нема намера да запре со спектакуларните игри.

Самиот Белингем сѐ уште е скромен и вели дека има уште многу работа за да го оправда богатиот договор во „кралскиот клуб“.

Уживам во фудбалот. Играм на највисоко можно ниво и неизмерно сум радосен поради тоа. Почнав да го остварувам мојот сон, а Реал е вистинското место за такво нешто. Сакам да освоиме сѐ што можеме и знам дека овој тим има неверојатен потенцијал. Сонувам да играм тука во следните 10-15 години, а круна на кариерата би била освојувањето на Европско или Светско првенство со Англија. Имаме млада екипа, надополнета со искусни играчи кои буквално можат да пишуваат книги за успешност во фудбалот. Кога играш покрај родени шампиони, голема е веројатноста и ти да станеш успешен. Сега мислам само на новите предизвици, сакам да ја оправдам дадената доверба и да покажам дека богатиот договор со Реал не бил само случајност за мене“, заклучи Белингем.