понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Познат судијата кој ќе го суди мечот Аргентина-Хрватска

Познат судијата кој ќе го суди мечот Аргентина-Хрватска

Во вторник ќе се игра првото полуфинале на Светското првенство, а во него Аргентина ќе се соочи со Хрватска.

Дуелот се игра во вечерниот термин од 20 часот во Лусаил, меч за кој ФИФА делигираше проверено, докажано судиско име-тоа е Даниеле Орсато.

Орсато го судеше отварањето на овој турни меѓу Катар и Еквадор, а потоа беше и главен на пресметката меѓу Аргентина и Мексико.

Тој беше одмаран во осминафиналната и четвртфиналната фаза, но сега се враќа за дуелот кој може да донесе многу жестина, дуели.

Главен во ВАР собата пак ќе биде Масимилијано Ирати.