понеделник, 18. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

40.000 Аргентинци во Доха за полуфиналето против Хрватска

40.000 Аргентинци во Доха за полуфиналето против Хрватска

Помеѓу 35.000 и 40.000 Аргентинци планираат да патуваат во Доха на полуфиналниот натпревар на Светското првенство во фудбал со Хрватска, според проценката на аргентинската амбасада во Катар.

Тоа е најголемиот контингент навивачи кои пристигнуваат од Аргентина во Катар за време на Светското првенство. Фудбалерите на Аргентина имаат поддршка од илјадници Индијци и Бангладешци, кои се вработени во Катар.

Натпреварот меѓу Аргентина и Хрватска ќе се одигра во вторник на стадионот „Лусаил“.

„Да ги искористиме овие моменти со луѓето кои се тука и во Аргентина, каде сите се еуфорични“, изјави капитенот на Аргентина, Лионел Меси.