Претседателот на САД Доналд Трамп изјави дека се договорил со рускиот претседател Владимир Путин да продолжат со дијалогот што почна денеска во Хелсинки. Тој додаде дека со рускиот претседател се договорил да имаат почести средби.
Трамп оцени дека денешниот ден бил многу успешен. Тој е убеден дека Путин и Русија сакаат да стават крај на проблемот со ширење на нуклеарното оружје.
– Мислам дека сите бевме будалести и дека требаше да го водиме овој дијалог многу порано. Имаме можност да направиме нешто големо. На пример, работиме на запирање на ширењето на нуклеарно оружје, истакна Трамп.
– Смешно е што 90 отсто од нуклеарното оружје го поседуваат Русија и САД, истакна американскиот претседател.
МИА