вторник, 5. март 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Далиќ: Ако некој ни понудеше полуфинале пред СП, ќе прифатевме веднаш

Далиќ: Ако некој ни понудеше полуфинале пред СП, ќе прифатевме веднаш

По поразот од Аргентина, првите импресии ги сподели селекторот на Хрватите Златко Далиќ . Тој го призна поразот и нагласи дека е задоволен од постигнатиот резултат.

„И честитам на Аргентина на пласманот во финалето. Не можам да им замерам на моите фудбалери. Имавме контрола во првиот половина час. Некогаш среќата ти помага, некогаш ти враќа на друг начин. Како што разбрав, имаше недоразбирање при корнерот, а во акцијата по него примивме гол. Го загубивме натпреварот и нема што да се замери. Мора да се подготвиме за следниот дуел. Правевме добри шанси, ама не бевме конкретни. Сè беше припремено, но ни недостигаше вистински напаѓач. Сакавме да добиеме на длабочина со Оршиќ, да бидеме поопасни, ама примивме уште еден гол. Заслужено загубивме. Брозовиќ почувствува болка и затоа го заменив, сакав да го сочувам за следниот натпревар.Доколку некој ни го нудеше овој резултат пред Светското првенство, ќе прифатевме веднаш. Сега одиме во борба за трето место“, кажа Далиќ.