четврток, 14. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Меси: Баравме само верба од сите,затоа што знаевме што можеме

Меси: Баравме само верба од сите,затоа што знаевме што можеме

Лионел Меси беше играч на натпреварот меѓу Аргентина и Хрватска по кој „гаучосите“ се пласираа во финалето на Светското првенство (СП) во Катар.

По натпреварот тој и се заблагодари на публиката за довербата, посебно по лошиот старт со Саудиска Арабија.

„Побаравме од луѓето да веруваат во нас затоа што знаевме за што сме способни. Овој тим е луд, затоа успеавме. Дојдовме до уште едно финале. Аргентина пак ќе игра за титула. Ние ќе го дадеме најдоброто од себе во финалето за да да го освоиме Мундијалот“, изјави Меси по натпреварот.