понеделник, 11. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Хрватскиот селектор: Доколку има нови правила, кажете ни

Хрватскиот селектор: Доколку има нови правила, кажете ни

Хрватскиот селектор Златко Далиќ го коментираше првиот гол на Аргентина, во победата од 3:0.

Контроверзен беше пеналот кој Даниеле Орсато го постигна за Аргентина, по сударот меѓу Доминик Ливаковиќ и Јулијан Алварез.

„Тој прв гол ја водеше играта. Дотогаш имавме целосна контрола, не бевме опасни и конкретни, но играта се одвиваше како што сакавме. А потоа не се играше корнерот, контра каде играчот удри во Ливаковиќ. Дали се ова некои нови правила? Дали Ливаковиќ мораше да отстрани, тоа ја режираше играта. Ако се тоа нови правила, нека ни кажат“, рече Далиќ.

Оваа генерација на Хрватска предводена од Лука Модриќ се збогува од светските првенства во Катар.

„Можеби ова е крај на оваа генерација на СП. Неколку од нив се во добри години и тешко е да се очекува дека ќе играат во 2026 година. Ова е златната генерација, полека ќе ја завршат кариерата на ЕУРО 2024, имаме и финале во Лигата на нации. Би било одлично да се освои бронзениот медал и тоа да биде поента на оваа генерација“, додаде тој.

Хрватска во сабота ќе игра за бронза против поразениот од дуелот меѓу Франција и Мароко.