Училишта и други објекти утринава повторно добиле дојави за поставени бомби, дознава Курир.
Засега не е познат точниот број на училишта кај кои пристигнала заканата.
За Курир од МВР кусо потврдија дека кај нив се пријавени случаи, но наскоро ќе излезат со повеќе информации.