четврток, 14. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Реграги: Оваа игра знае да биде навистина чудна

Реграги: Оваа игра знае да биде навистина чудна

Името на Валид Реграги со златни букви ќе биде испишано во историјата на африканскиот фудбал, бидејќи неговиот Мароко стана првата селекција од овој континент која се пласираше во едно полуфинале на Светските првенства.

– За жал нема да играме во финалето, тоа беше нашиот сон. Со повредите кои ги имавме и раниот гол кој го примивме, овој меч стана многу тежок за нас. Дадовме се од себе, се боревме со сите наши оружја, но не успеавме. Останувам горд на моите играчи и на мојата земја.Не може да играте финале после таков влез во натпреварот и нависитна жалам за тоа. После тоа бевме далеку подобри. За жал, фудбалот знае да биде чуден. Не игравме добро против Шпанија и успеавме да победиме, а денеска игравме добро и загубивме. Не ни преостанува ништо друго, сега треба да работиме напорно и повторно да се вратиме со страст на теренот, – изјавил Реграги по мечот, а притоа открил и каква порака добил од Макрон кој во живо го следеше мечот во Катар.

Макрон ми порача дека сме завршиме добра работа и сме оставиле добра слика за нашата земја, но и за фудбалот воопшто. Најважно е да ги радуваме и забавуваме луѓето, а ние го направивме тоа. Ќе се вратиме посилни во иднина, – завршил мароканскиот селектор.